„Форбс“ објави листа на најбогати рапери во светот, а Џеј-Зи е на врвот.
Џеј-Зи, конечно, успеа да го стигне успешниот Диди, кој седум години по ред беше најбогат рапер во светот. На врвот сега е сопругот на кралицата Бијонсе.
Имено, според магазинот „Фирбс“, Џеј-Зи со 900 милиони долари е најбогатиот рапер, додека Диди има „само” 825 милиони долари. Третото место е д-р Дре со 770 милиони долари. Четвртото и петтото место го делат Дрејк и Еминем со значително пониски средства во вредност од само 100 милиони долари.
Џеј Зи успеа да се искачи на врвот благодарение на албумот 4:44, кој го објави минатата година и турнејата што следеше по него. Но, исто така, за кампањите за Armand de Brignac и D’Ussé cognac.