Во едно скорешно истражување на британските факултети учествувале 571 млади луѓе, на возраст од 15 до 25 години. Испитаниците биле прашувани за нивното семејство, браќа и сестри и за нивната емоционална состојба. Научниците дошле до сознание дека луѓето кои пораснале со сестра се посреќни луѓе.
Причина за тоа е што сестрите помагаат семејството отворено да зборува за проблемите, а со тоа стануваат посреќни.
Децата кои имаат брат се помалку среќни од оние кои имаат сестра, покажало истото испитување. Момчињата избегнуваат да разговараат за проблемите во семејството, па така, ако тоа е составено само од машки членови, преовладува тишина.