Луѓето што имаат сестра се најсреќни

Во едно скорешно истражување на британските факултети учествувале 571 млади луѓе, на возраст од  15 до 25 години. Испитаниците биле прашувани за нивното семејство, браќа и сестри и за нивната емоционална состојба. Научниците дошле до сознание дека луѓето кои пораснале со сестра се посреќни луѓе.

Причина за тоа е што сестрите помагаат семејството отворено да зборува за проблемите, а со тоа стануваат посреќни.

Децата кои имаат брат се помалку среќни од оние кои имаат сестра, покажало истото испитување. Момчињата избегнуваат да разговараат за проблемите во семејството, па така, ако тоа е составено само од машки  членови, преовладува тишина.

Scroll to Top