Бројот на луѓето кои страдаат од пролетна алергија се зголемува секоја година. Иако за алергиите е најдобро да консултирате лекар, можете да си помогнете со овие неколку билки, на природен начин.
Коприва
Копривата е позната по тоа што ја прочистува и обновува крвта. Содржи витамин К, каротен и кверцетин. Во борбата против пролетните алергии најдобро е да се консумира како чај од коприва.
Мајчина душичка
Помага при проблеми со грлото и белите дробови, лечи кашлица, но мајчината душичка се покажа и одлична во борбата против алергиите. Одлична е во комбинација со чајот од коприва.
Домашен мед
Преку домашниот мед во телото внесуваме алергени. На тој начин можеме да ја намалиме алергиската реакција и да го подобриме имунитетот.
Прополис
Ова е природен лек во борбата против алергиите. Пожелно е превентивно да се зема еден или половина месец пред да настапи зрелата пролет. Со тоа се намалуваат алергиските реакции.