Американски актер Џим Белуши се разведува по третпат. Неговата сопруга Џенифер Слоан побарала развод поради непремостливи разлики. Претходно Белуши бил во брак со Сандра Девенпорт и Марџори Брансфилд.
Иако неговите претходни бракови не траеле многу долго, овој пат актерот се разведува по две децении заеднички живот.
Џенифер ги поднела документите за развод неодамна и сега бара алиментација и старателство над децата, ќерката Џејмисон и синот Џерард.