Се скараа Аца Лукас и Јелена Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“

Во Ѕвездите на Гранд е многу возбудливо, особено кога членовите на жирито Јелена Карлеша и Аца Лукас си разменуваа мислења.

Познато е колку е добра атмосферата на вистинските поедини членови на жирито, а кога се во прашање Карлеуша и Лукас, повеќе од јасно е дека станува збор за вистинко лудило. Така Лукас во еден од настапите направи вистински хаос во студиото, а се започна, откако на еден од натпреварувачите не му го даде својот глас, иако сите останати во жирито го направија тоа.

„Ти си страшен пејач, но јас знам зошто не ти го дадов мојот глас. Не ми се допадна изведбата, и не ми се допадна како пееше“, порача Лукас на еден од кандидатите.

„За жал, вашата судбина зависи и од тоа дали жирито станало на лева или десна нога, дали му е денот, или не му е денот“, порача Карлеуша.

„Не станав ниту на лева ниту на десна, туку на средна. Јас воопшто не сум нервозен и не му го дадов гласот, и што сакаш сега ти? Мојот глас не зависи од моето расположение и дали сум расположен или не, тоа е мој проблем“, одговори Лукас.

 

А на крајот, Лукас, откри дека сето тоа било само негова шега.

„И двајцата го добивте гласот од мене на почетокот, ова беше само зезање“, објаснил Аца Лукас.

Scroll to Top