Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ решиле да се венчаат, а кум, како што одлучиле, ќе им биде Ацо Пејовиќ. На гостувањето во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“, синот на Боба Живоиновиќ откри зошто го избрале познатиот пејач.
„Кога Александра и јас почнавме да се забавуваме, излеговме на роденден на кој имаше голем број пријатели од музичкиот свет. Ацо седна и гледаше во нас цело време. Ми рече: „Свадба, ти си готов“. И го повторуваше тоа постојано. Не знаев што да му кажам. Си мислев во себе како ќе се забавувавме тие десет дена на Мајами и ниту на мене, а ни на Александра не ѝ падна на памет свадба. Кога тргнавме со Александра, му рековме: „Ако навистина има свадба, ти ќе ни бидеш кум“, изјавил Филип Живоиновиќ.
Гледајте ја емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“ во која гостуваа Ацо Пејовиќ, Филип Живоиновиќ, Александра Пријовиќ и Лепа Брена.