На листата најбогати луѓе на магазинот „Форбс“ оваа година се најдоа 256 жени. Нивното богатство е проценето на околу 1.000 милијарда долари, што е за 20% повеќе во споредба со изминатата година. Меѓу десетте најбогати се жени од малопродажбата, бизнисот со козметика и автомобилите.
Најбогата жена на светот е Алис Волтон, ќерка на основачот на американската компанија „Волмарт“, Сем Волтон. Се проценува дека има имот во вредност од 46 милијарди долари. „Волмарт“ е најголема светска компанија за трговија, која поседува најголем синџир на малопродажба.
По неа на листата е Франсоа Бетенкур Маерс, наследничка на „Лореал“. Нејзиниот имот е проценет на 42,2 милијарди долари.
Трета е Сузан Катен, која е наследничка во автомобилскиот гигант „Бе-ем-ве“ со 25 милијарди долари.
На четврто место е Жаклин Марс, која е сопственичка на светски познатиот бренд за чоколади „Марс“. Нејзиното богатство се проценува на 23,6 милијарди долари.
Петтото место го држи Јанг Хуијан од Кина, која работи со недвижнини. Од нив лани остварила приход од 21,9 милијарди долари.
Шеста на листата е Лорен Пауел Џобс, сопругата на Стив Џобс. Таа има акции во „Епл“ и „Дизни“ и богатство од 18,8 милијарди долари.
На седмото место е Џина Рајнхарт со 17,4 милијарди долари. Таа има рударски бизнис во Австралија.
Осма е Ирис Фонтбона од Чиле, која има богатство вредно 16,3 милијарди. Се занимава со рударство.
На деветто место е Абигејл Џонсон, која се занимава со финансиски менаџмент. Има богатство од 15,9 милијарди долари.
Десетта според богатството е Шарлин де Карваљо. Таа го поседува данскиот бренд за производство на пиво „Хајнекен“, а има лично богатство од 15,8 милијарди долари.