Пејачката Гога Секулиќ признава дека прилично е разочарана од денешната ситуациja на естрадата и истакнува дека е подготвена да го смени пристапот кон колегите што се успешни во работата.
Гога го коментира историското смирување меѓу Јелена Карлеуша и Дара Бубамара, кои со години се расправале преку медиумите велејќи дека ќе почне да се ку**а како нив за да биде и таа во центарот на вниманието на јавноста.
некој би рекол, – а што да прават кога се на естрадата? Јас ќе кажам – кога си со некој океј – океј, кога не се – не си. Но, кога е во прашање работата, гледам дека повеќе никој нема образ, ни телевизиите ни издавачките куќи, се плукаат сите, се забрануваат на телевизиите настапи, па се враќаат пак. Мене сето тоа ми е една голема циганска работа. И тогаш ќе си кажам во себе – се занимаваш со тоа, нема да бидам како нив целосно, но ќе почнам и јас да се ку***м. На естрадата. Не со момчиња, туку со соработниците, издавачите и колегите затоа што тоа го научив од нив“, изјави Секулиќ.
„Денеска, Дара гледа само бизнис, Карлеуша гледа само бизнис. Уште ако се појави на нејзиниот концерт, супер за двете“, објасни Гога.
На прашањето дали мисли дека Јелена навистина ќе се појави на концертот на Дара, Гога искрено рекла:
„Сто проценти! Мислам, така ми личи. Нема да ширам дезинформации“.