Царската пита наликува на проја. Вкусно и брзо предјадење или појадок.
Потребни состојки:
4 јајца
1 чаша кисело млеко
1 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка пециво
сол по вкус
250 гр. сирење
200 гр. салама
5 кисели краставички
Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги јајцата и убаво изматете ги. Потоа додадете ги киселото млеко, маслото, брашното и пецивото. Мешајте за да добиете хомогена смеса. За оваа пита не ви е потребен миксер. Сирењето издробете го со вилушка, а саламата и краставичките исечкајте ги во форма на коцки. Додаје ги во смесата, па посолете по вкус. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Послужете ја топла, со јогурт.