Кошаркарската легенда Коби Брајант може да остане без Оскарот што го освои пред две недели оти во 2003 година бил обвинет за силување. Академијата за кинематографски науки и уметности покрена петиција со која бара да му се одземе Оскарот. Петицијата веќе има преку 16 илјади потписи.
„Оскарите не треба да им се даваат на сексуални и друг вид насилници. Не може Вуди Ален и Џејмс Франко да бидат лишени од награда, а Коби Брајант не“, коментираат креаторите на петицијата.
Дали Коби ќе го задржи Оскарот ќе се знае наскоро.