Го тужела факултетот, затоа што дипломата не и помогнала да се вработи

Поранешна студентка од својот факултет со тужба бара 60.000 фунти затоа што нејзината диплома не ѝ помогнала да пронајде работа.

Дваесет и двегодишната Пок Вонг тврди дека факултетот Anglia Ruskin ја измамил тврдејќи дека ќе ѝ овозможи квалитетно образование и добро вработување, а наместо тоа, добила, како што вели таа, диплома Мики Маус.

„Иако во 2013 година дипломирав како најдобра во класот, добив само диплома Мики Маус. Се надевам дека со оваа тужба ќе ги поттикнам и другите студенти да го добијат тоа што го платиле или на некој начин да им се компензира. Факултетот имаше добра реклама, но не го исполни ветеното“, изјавила Пок за „Сандеј телеграф“.

Пок, која се преселила од Хонг Конг во Кембриџ за да стекне квалитетно образование и шанса да влезе во деловниот свет, од факултетот барала компензација во висина на платената школарина и животни трошоци за времето на студирањето.

Во другите приговори навела дека предавачите доцнеле на предавањата и дека едноставно ги упатиле студентите за тоа време самите да учат. Исто така, изнела тврдење дека за време на доделување на дипломите сите студенти биле заклучени во соба каде од нив дознала како стојат работите.

Портпаролот на факултетот тврди дека Пок не била заклучена во просторијата и дека таа можела да ја напушти кога ќе посака.

„Иако ѝ ја врачивме наградата затоа што дипломирала прва во класата, таа се обиде да го прекине доделувањето на наградите. Бидејќи тоа ќе го уништеше доживувањето на другите студенти, ја замоливме да ја напушти просторијата и да седне во соседната соба, од каде што можеше да си отиде кога ќе посака“, тврди тој.

„Иако и ја врачивме наградата затоа што дипломирала прва во класата, таа се обиде да го прекине доделувањето на наградите. Бидејќи тоа ќе го уништеше доживувањето на бројните други студенти, ја замоливме да ја напушти просторијата и да седне во соседната, од каде можеше да си отиде кога ќе посака“, тврди тој.

 

Scroll to Top