ДНК-та на американскиот астронаут Скот Кели делумно се изменила по една година мината во вселената, потврдиле од НАСА по споредувањето со податоците од неговиот брат близнак Мајк, кој останал на Земјата.
Седум проценти од гените на Скот не се вратиле во состојбата пред да одлета на долга вселенска мисија.
Скот и неговиот брат близнак Маркл Кели се астронаути и биле субјекти на истражување чија цел било да се утврди што точно се случува со телото по една година мината во вселената, пренесуваат американските медиуми.
На меѓународната вселенска станица Скот бил од март 2015 година до март 2016 година, период во кој Марк бил на Земјата.
Истражувачите го проучувале престојот на Скот во вселената од психолошка и физиолошка страна, споредувајќи ги резултатите со неговиот брат кој останал на Земјата.
Поради престојот во вселената, гените на Скот претрпеле промени. Ваквите промени се резултат на недостиг на кислород, чести воспалителни процеси и изненадувачки промени со внесувањето хранливи материи.
Некои промени се вратиле во првобитната состојба по враќањето на Земјата, а некои промени, сепак, останале трајни.
„Физичкиот стрес што го доживува телото за време на патувањето во вселената може да доведе до промена во процесот на создавање на ДНК-та. Тие процеси може да доведат до групирање нови молекули, на пример во мастите или протеините, да доведат до распаѓање на клетките или ги активираат или исклучуваат гените, што води до промена во клеточните функции“, велат од НАСА.