Изведба на претстава за брачната двојка Милошевиќ во Приштина

Визуелните, идеолошки, општествени и интимни сеќавања за трагичната судбина на семејството Милошевиќ ги оживеаја актерите од ансамблот на Народниот театар од Приштина во премиерата на претставата „Лифт – Слободан шоу“.

Претставата за која известуваа и најголемите светски медиуми прв ат е изведена на 6 март во Домот на културата во Грачаница.

Српската публика имаше можност да ја види реминисценцијата на брачната двојка Милошевиќ на самиот почеток на нивната врска, првите работни ангажмани, односот кон децата и раководењето со партијата и државата.

Текстот на претставата е дело на Јелена Богавац, а е направена во режија на Ненад Тодоровиќ.

Пренагласената естетика од 90-тите години, каде што доминираа брзите патики, дречливите тренирки, формирањето на турбофолкот и денс-сцените, беа платформата за приказната за сите заблуди и погрешни процени на Милошевиќ и неговото најблиско опкружување.

Ансамблот на Народниот театар од Приштина одлично се снашол во изведбата на песните и кореографијата, па претставата на моменти добила контури на вистински мјузикл.

Во последните моменти актерите ги споделиле со публиката личните сеќавања од разните периоди од владеењето на Милошевиќ, од протестот на опозицијата на улиците низ Белград, па до бомбардирањето на Србија во 1999 година.

Публиката на крајот со долг аплауз ги испратила протагонистите од претставата.

 

Scroll to Top