82-годишен Германец пред три години ја изгубил бурмата додека копал во градината. Иако се обидел, не успеал да ја најде и мислел дека ја загубил засекогаш. Сепак, ја пронашол неодамна на истото место во градината. Додека проверувал како напредуваат морковите, на едниот од нив го видел прстенот што го изгубил пред три години. Морковот растел околу прстенот.
Неговата сопруга во меѓувреме починала, ама како што рекол тој, постојано му повторувала дека порано или подоцна ќе ја најде изгубената бурма.