По повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, кој се одбележува на 21 Март, на интернет е објавено емотивно видео во кое 50 мајки и нивните деца на знаковен јазик ја пеат A Thousand Years. Децата на видеото имаат Даунов синдром.
Беки Карлес, една од учесничките, рекла дека идејата е да се променат перцепциите на луѓето во однос на овие деца и да се види врската меѓу децата и нивните мајки.
„Важно ни беше да го покажеме тоа и дека не би ги промениле за ништо на светот,“ вели таа.
Инспирацијата за снимката ја добиле од Carpool Karaoke во шоуто на Џејмс Корден, каде што гостите пеат во автомобил.