Полицијата во Лос Анџелес го истражува самоубиството на Крис Споц, момчето што било во врска со македонската актерка Адеа Шабани. Тие веруваат дека Крис дека е вмешан во нејзиното исчезнување. Според медиумите во САД, полицијата има сведок кој тврди дека го видел Споц пред станот на Адеа, дека тој ја турнал во багажникот на својот автомобил, а потоа заминал во непознат правец.
Споц и Шабани имале романтична врска, но, според нејзини блиски пријатели, тој не ѝ бил дечко.
Адеа исчезна на 23 февруари во близина на својот дом во Лос Анџелес. Споц бил осомничен за киднапирање, но полицијата засега не дава точни информации што откриле во текот на изминатиот месец.
Истовремено, полицијата вклучила двојно повеќе луѓе во потрагата по Адеа. Тие, поред пишувањата на американските медиуми, и понатаму трагаат по исчезнатата девојка, а не по нејзиното тело.