Се самоуби дечкото на исчезнатата Адеа Шабани

Полицијата од Лос Анџелес верува дека исчезнатата актерка од Македонија, Адеа Шабани е мртва. Тие се сомневаат дека нема да го најдат телото, оти Крис Споц, мажот со кој била во интимна врска, се самоубил во полициска потера. Локалниот шериф за медиумите рекол дека Споц бегал од полицијата во украдено возило и дека си пукал во главата пред да биде запрен.

Според нивните сознанија, Адеа се гледала со 33-годишниот актер некое време и дека се сретнале во актерско школо.

Полицијата и понатаму трага по телото на девојката. Адеа последен пат била видена на 23 февруари близу нејзиниот дом во Лос Анџелес. Веќе две години живеела во Америка за да гради актерска кариера.

Нејзината мајка еден месец е во САД. Таа ангажирала приватен детектив што ќе помогне во потрагата. Семејството и понатаму нуди 25.000 долари за информација за исчезнатата девојка.

Scroll to Top