Путин положи цвеќе во знак на почит кон настраданите деца во пожарот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска бил во посета на трговскиот центар кој вчера го зафати силен пожар а во кој загинаа 64 лица, меѓу кои 26 деца.

„Што се случува тука? Не станува збор за вооружено непријателство, не станува збор за изненадувачко истекување на метан. Многу луѓе умреа, а зошто? Поради криминална негрижа“, изјавил Путин за време на посетата на местото на несреќата.

Путин прошета околу местото каде искажа почит кон настраданите и положи цвеќе, а потоа разговараше со локалните официјални лица, кои му поднеле детален извештај за оваа трагедија.

Scroll to Top