Доналд Трамп ја споредил Сторми Даниелс со својата ќерка Иванка

Актерката Сторми Даниелс неодамна проговорила за својот наводен однос со американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа во интервјуто навела дека имала сексуални односи со Доналд Трамп во 2006 година и дека не била жртва. Дополнила дека американскиот претседател ја споредил со својата ќерка Иванка.

„Тој ми рече ‘ти си посебна, ме потсетуваш на мојата ќерка. Паметна си и убава, ми се допаѓаш’“, раскажала Даниелс во разговорот со Андерс Купер.

Во разговорот исто така потврдила дека ѝ се заканувале да молчи за сексуалните односи со Трамп.

Таа раскажала како наводно уште во 2011 година на паркинг ѝ се доближил непознат маж и почнал да ѝ се заканува дека нема да дозволел да ја објави аферата со Доналд Трамп.

„Таа вечер еден тип ми се доближи на паркинг и ми рече: ‘Остави го Трамп на мир и заборави ја приказната’“, изјавила Даниелс во интервјуто прикажано пред половина американски континент.

Даниелс наводно неколку дена пред претседателските избори во ноември 2016 година потпишала договор со кој се обврзала да не го открива својот однос со Трамп.

 

 

 

Scroll to Top