Нобеловецот Роберт Шилер предупреди дека растечките тензии меѓу САД и Кина можат да доведат до една голема економска криза.
Шилер бил говорник на Чајна деволопмент форумот во Пекинг, каде изјавил дека трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот може да го забави инвестирањето, што е сигурен пад низ брдо.
„Тоа е хаос, се забавува развојот, а луѓето мисалт дека ова ќе мине без последици и така тоа го доживуваат“, изјавил Шилер за предложените царински стапки кои САД и ги најави на Кина.
„Прво што ќе се случи е економска криза, затоа што ваквите бизниси се засновани на долготрајно планирање, за нив се развиени системи на работа и школувани се луѓе. Мораме тоа повторно да го осмислиме во нашата земја, кога увозот ќе се прекине“, изјавил Шилер и укажал на најпознатата царинска војна направена некогаш, во добата на Големата депресија во триесетите години.
Најголемата економска штета ќе биде, како што тој изјавил, кога компанијата ќе се прилагоди на своето инвестирање во согласност со новините на царините.
„Кога ќе ме прашаат за силината на ударот во економијата, сметам дека тие се повеќе психолошки отколку директни“, вели економист од Јејл и напоменува дека царинските стапки во триесетите години од минатиот век, ја уништиле самодовербата и желбата да се планира за иднината.
#Schiller has been warning us about the coming #collapse / #meltdown for a year already, last time it took 3 years.https://t.co/LgnAtxlSba
— Inspired Market Analysis (@Inspired_Market) March 27, 2018
„Токму тоа, – чекаме да видиме што ќе се случи“ е став кој ја предизвикува рецесијата“, вели тој.
Официјален Пекинг изјавил дека планира да воведе тарифи на 128 американски производи во вредност од 3 милијарди долари како одговор на мерките на Трамп од почетокот на месецот.
Тој последните изјави на претседателот на САД ги нарекува показател дека станува збор за „шоумен“, кој очигледно ужива во таа улога, а неговата ескалација во реториката му ја препишува на се поблиските избори за Конгресот кој се своевремен показател за тоа како стои претседателот.
„Претседателот веќе година дена требаше да направи нешто паметно, нешто што позитивно ќе влијае на граѓаните“, вели Нобеловецот и напоменува дека Трамп е свесен за тоа дека ќе остане во центарот на вниманието, ако постојано „создава вести“.