Фолк-ѕвездата во моментов се наоѓа во Америка, на својата голема турнеја под името „Zar je važno da l’ se peva ili pjeva“, а со него е и нејзиниот син Стефан Живојиновиќ.
Брена направи вистински спектакл во прочуениот клуб во Чикаго „Joe’s Live“, во кој присутните имаа можност да ги слушнат најголемите хитови на фолк-ѕвездата.
Публиката пееше на глас со својата миленичка, а интересно е тоа што вистинска еуфорија настана оној момент кога почна да ги пее песните од новиот албум.
Со голем аплауз публиката го поздрави и Стефан Живојиновиќ, кој со мајка му направил одлична атмосфера.
Турнејата низ американските градови продолжува во текот на целиот април.