Адријана Лима, познатиот топ модел резервирала неколку апартмани на Свети Стефан, во Црна Гора, каде што во август планира да помине десет дена со своето семејство.
За нејзиниот престој таа избрала луксузното сместување каде што најниската цена на ноќевањата во овој период од годината чини околу 1.800 евра.
Таа избрала еден апартман за себе и ќерка си, додека дадилката која ќе престојува со нив, како и членовите на обезбедувањето ќе бидат сместени во собите, по цена од 20.000 евра.
Лани, Лима била воодушевена од Свети Стефан. Затоа и сакала пак годинава да летува тука. Таа веќе направила резервација за средината на август, кога ќе ужива со нејзините ќерки во Црна Гора. Апартманот во кој ќе биде сместена имал поглед кон море, со приватен базен и модерно уреден. Адријана не ги жали парите за сместувањето во Црна Гора, па така изнајмила и мала јахта со која ќе оди да ги посети и останатите места.
Лани, Лима летуваше со Марко Јариќ, поранешниот сопруг и заедно со ќерките Сиена и Валентина во Будва.