Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, вчера стана татко. Неговата сопруга Николина се породи на Клиниката за гинекологија во Скопје. Бебето го доби името Душан.
Среќен дека станал татко, вчеравечер Борко прослави заедно со другарите во една од кафеаните во Дебар Маало.
„Николина и бебето се добри. Породувањето помина во најдобар ред. Јас сум многу среќен, ама уште сум целосно збунет. Се веселевме сите тука собрани, во кафеаната, малку пеење, малку играње на музика, некој пијалак. Сепак, главната забава и мекиците ги спремаме за четврток“, изјави Борко Ристовски за „Репортер“.
Тој ни кажа дека дошол во Скопје два дена пред да се породи Николина оти веќе знаеле дека терминот за раѓањето на бебето се ближи. Името Душан, пак, рече Борко, е во чест на неговиот починат татко. Тој кажа и дека едвај чека бебето и Николина да си дојдат дома, а потоа сите тројца да заминат за Барселона, каде што игра Ристовски.