По Велигден на сите им остануваат многу вапсани јајца. Овие јајца по неколку дена мора да ги ставите во ладилникот. Иако ги чувате на студено, препорачливо е да ги изедете во рок од една недела. Тврдоварените јајца побргу се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата може да влезат бактерии.
Иако постои верување дека велигденските јајца стојат подолго, сепак не е препорачливо да ги чувате на отворено, а ако не ги изедете за 7-8 дена, подобро е да ги фрлите отколку да се затруете, предупредуваат експертите.
За разлика од варените, свежите јајца во фрижидер може да стојат четири-пет недели.