Рускиот претседател Владимир Путин е способен со својата моќна армија да го разбие НАТО за само 60 часа, истакнуваат британските медиуми.
Ова е објавено само неколку часа пред шефот на Кремљ лично да му се закани на Западот дека ќе предизвика хаос во меѓународните односи, ако Сирија биде нападната уште еднаш.
„Ако би дошло до застрашувачки конфликт меѓу Америка и Русија, Москва би можела да ја заврши работата за околу 60 часа, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на изјавата на воени експерти кои тврдат дека НАТО и понатаму е многу слаб на границите на Руската Федерација, додека поранешната советска сила, од другата страна, поседува дури седум моќни армии околу тој простор.
Путин во моментов е во сериозна предност кога е во прашање краткотрајниот конфликт, па не треба да се зема здраво за готово тоа што тој не наредил непосреден одговор на акцијата на Америка, Британија и Франција, на територијата на Сирија.
Во стратешка смисла, постои сериозен сомнеж дека Русија е подготвена за краток временски период да упадне во престолнините на најважните членки на НАТО, на тлото на Европа и дека не би имало адекватна одбрана, наведуваат британските медиуми, нешто што Путин вчера донекаде ѝ самиот го потврди.
— Patricia Neal (@LicorcePony) April 15, 2018
Бројни аналитичари наведуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп, конечната одлука за нападите врз Сирија ги донел тогаш, кога во јавноста се обелоденети детали од книгата на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во која е потврдено дека шефот на Белата куќа во 2003 година, имал сексуални односи со проститутка, како и дека Русите поседуваат видео записи од тие оргии.
Добрите познавачи на меѓународните односи веруваат дека тоа би можела да биде капката која би ја прелила чашата кога е во прашање американската акција врз Сирија, а се со цел да вниманието ја јавноста се сврти од скандалот кој се очекувал да се случи по објавувањето на книгата на Коми „Висока лојалност: Вистина, лага и водство“.
Книгата ќе излезе во продажба во САД денеска, а се очекува во неа Коми, кој Трамп минатата година изненадувачки го отпушти, откри голем број на пикантерии од животот на шефот на САД.