Откако Лука Лазукиќ ја претепа својата сопруга, српската пејачка Наташа Беквалац, многу нејзини колешки ја поддржаа поп-ѕвездата. Меѓу нив беше и хрватската пејачка Северина.
Северина на социјалните мрежи објавила исечок од својот концерт одржан во 2009 година во Белград на кој Наташа беше една од гостите.
И двете тогаш заедно ја изведоа песната на Северина, „Пријателка“.
Северина во описот на снимката ја означила и Наташа и ставила емотикон срце.