Десетина илјади луѓе морале да умрат пред да биде прифатена измената на исхрана која го спасила целото општество.
Во 1877 година, јапонскиот цар ја гледал својата роднина, принцезата Каза, додека умирала од вообичаената болест каке. Ова е болест од која отекуваат нозете, а говорот се забавува. Пропратен симптом на болеста е парализа, а ни смртта не е претерано ретка појава. Најмногу се случува поради срцевиот удар.
Царот Меији боледувал од истата болест речиси целиот живот. Поради тоа и вложувал огромна количина на пари за да го пронајде лекот за мистериозната болест. Тоа било прашање за преживување на царот и неговото семејство, но и целата јапонска владејачка класа. Имено, поголемиот број на болести ги погодуваат сиромашните луѓе, но каке болеста ги напаѓала богатите и тоа во толкава мера што е нејзиното колоквијално име било Едо вазураи (болеста на градот Едо), а Едо е старото име за Токио.
Причината за ваквата болест, подоцна ќе се утврди дека бил обичен бел ориз.
Популарниот бел ориз бил статусен симбол во Јапонија. Се верува дека тоа е така поради долготрајниот процес на избелување, нешто кое бара многу работа и труд. Дури и модерните машини релативно тешко ја отстрануваат цврстата надворешна кора на зрното.
Токму поради тој висок трошок на производство, само богатите Јапонци го јаделе тој ориз, а понекогаш го јаделе само тоа.
Тоа што малкумина го знаеле е дека со отстранување на надворешната кора, се отстранува и витаминот Б-1. Кај луѓето или животните недостига тој витамин и поради тоа се развиваат болестите кои денеска се познати како бери-бери. Болеста може да се манифестира на два начини: Влажната бери-бери го зафаќа срцето и крвотокот (запушување на срцевите артерии и проширување на вените) сувата бери-бери предизвикува симетрично губење на рефлексните функции. Болеста може да го зафати и мозокот, нешто што може да предизвика и кома па дури и прерана смрт.
Не постои лек за оваа болест. Многумина се обидувале со разни алтернативни методи. На почокот докторите им говореле на пациентите да јадат некаква специфична храна, други палеле сушен див пелин за да ја потикнат циркулацијата на крвта. Ефективен лек немало, но понекогаш луѓето целосно случајно успеале да им помогнат на заболените.
Еден доктор им говорел на пациентите на кратко да се иселат од Токио, па таквите луѓе биле присилени да јадат непроцесуиран ориз. Се разбира внесувањето на витаминот B-1 од непреработениот ориз на луѓето им помогнал со симптомите на бери-бери, што дополнително го потикнало верувањето дека локалната болест потекнува од водата или од земјата околу Токио.
Проблемот во голем дел го решил докторот Такаки Канехиро. Тој приметил дека луѓето на запад не заболуваат од бери-бери, и бил убеден дека станува збор за исхраната. Верувал дека храната богата со протеини би можела да помогне со лечењето на болеста, но тоа не можел да го докаже. Дури по експериментот со морнарите кој го извел, во кој еден брод го наполнил со бел ориз, а друг со обичен јачмен, забележал дека кај бродот со јачмен морнарите немале никакви проблеми.
Бирократијата не била до тој степен убедена во тоа, па вовеле јачмен во исхраната кај војската дури по руско-јапонската војска, каде десетина илјади војници умреле од бери-бери.