Англичаните ги сакаат руските пари, ама не и руските тајкуни

Велика Британија долго време важела за безбедно место за тајкуните и останатите богаташи, вклучувајќи ги и руските олигарси и нивните деца. Сето ова сега е ставено под знак прашалник по труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, затоа што Лондон сега ги преиспитува визикте кои ги имаат 700 богати Руси, а истовремено бара начин да им ги одземе и да побара што повеќе пари.

Девет од 25 најбогати Руси имаат удел во барем еден посед во Велика Британија, а тоа не е обичен имотен лист. На истиот се и најголемите приватни резиденции во Лондон по Бакингемската палата, како и фудбалските клубови Челзи и Арсенал.

Но, според новите одредби, надлежните сега можат да им го запленат имотот доколку нивната вредност не се поклопува со приходите на сопственикот.
Џејмс Флечер, специјалистот во лондонската адвокатска фирма „Fajv Sent Endruz hil“, вели дека малку е веројатно дека нешто такво ќе им се случи на милијардерите со повеќекратни приходи, но сепак се зависи од тоа колку лесно може да се следи изворот на богатството.

 

„Ако изворот на приходи е замрсен, тогаш би можело да се смета за нејасен“, додава тој.

Засега нема знаци дека е под истрага некој од деветте најбогати Руси со адреса во Британија. Портпаролот на Алишер Усманов, кој во Британија меѓу останатото ја поседува и вилата Сари, вредна повеќе од 100 милиони долари, а кој има акции во фудбалскиот клуб Арсенал, изјавил дека милијардерот ги поседува сите неопходни документи“.

 

Роман Абрамовиќ 13,7 милијарди долари, од кои 4,3 милијарди во Британија 

Меѓу останатите, поранешниот гувернер Чукотса поседува две милијарди долари тежок дел во гигантот во челичната индустрија „„Евраз“, потоа вила во Кенсингтон, удел во мобилната мрежа Труфон, и акции во фудбалскиот клуб Челзи.

Алишер Усманов – 15 милијарди долари, 1,1 милијарди долари во Британија 

Усманов има удел од 927 милиони долари во фудбалскиот клуб Арсенал, а во Британија поседува и две вили вредни 100 милиони.

Михаил Фридман – 13,4 милијарди долари, 964 милиони во Британија 

872 милиони долари на Фридман се вложени во ланецот на продавници за здрава храна „Холанд и Берет“, кој ги има околу 1300 продавници во 16 земји. Тука е и 92 милиони долари вредната вила во Хајгејт, предградието на Лондон. Во истиот ланец на продавници за здрава храна вложил и Герман Кан.

Алексеј Кузмичев – 6,79 милијарди долари, 439 милиони во Британија

Партнерот во „Алфа групата“, Кузмичев исто така има акции во ланецот на „Холанд и Берет“.

Петар Авен – 5,71 милијарди долари, 281 милиони во Британија 

Авен е меѓународен бизнисмен, економист и политичар. Тој е шеф на Алфа банката, најголемата комерцијална банка, а во Британија е вклучен во бизнисот со здрава храна.

Андреј Гурјев – 4,20 милијарди долари, 125 милиони во Британија 

Гурјев ја поседува втората најголема резиденција по Бакингемската палата во Британија. Тој поседува и пентхаус во Кули Свети Џорџ, осмиот најголем облакодер во земјата.

Олег Дерпаск – 4,58 милијарди долари, 80 милиони во Британија

Рускиот крал со алуминиум поседува вила во западен Лондон.

 

Scroll to Top