Извршена обдукција врз телото на Авичи

Обдукцијата врз телото на шведскиот диџеј Тим Берглинг, познат под уметничкото име Авичи, не покажала ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизија SVT.

Како што се наведува во извештајот, полицијата во Оман извршила две обдукции над телото на Авичи, кој во петокот починал во Оман, пренесува АП.

Телевизијата се повикува на информации на неименуван полицаец од Оман дека обдукцијата не покажала ништо сомнително и дека е исклучено убиство како причина за смртта на диџејот.

Неговите фанови од Стокхлом во саботата со минута молк му оддадоа почит на починатиот диџеј.

 

Scroll to Top