Американскиот таблоид „Ти ем зи“ пишува дека полицијата фатила натрапник во домот на Тејлор Свифт. 28-годишниот Роџер Алваро признал дека провалил во куќата на Тејлор, се капел во нејзината када и спиел во нејзиниот кревет.
Ова се случувало во време кога Тејлор не била на имотот. Таблоидите пишуваат дека таа лани ја ставила куќата на продажба и дека одамна не живее во неа, ама дека во близина има пентхаус во кој живее.
Минатата недела друг натрапник беше уапсен обидувајќи се да влезе во куќата на Тејлот во Беверли Хилс. Тој добил забрана да ѝ се доближува.