Познатата српска пејачка Неда Украден неодамна ја изгуби својата мајка. По нејзината смрт, таа јавно проговори за тоа како се чувствува. Таа раскажала дека иако не и било до пеење, сепак, зардаи професијата, морала ,веднаш по смртта на мајка си, да настапува, оти концертите и биле закажани.
„Целава работа испадна ја погребав мајка ми, па отидов да пеам. А, не ми беше до пеење, но знаете како ние сме луѓе кои работат на јавна сцена и немаме право да тагуваме како и сите останати. Концертите се закажани, може да се откаже еден од нив, но не 17 концерти. Мојата мајка беше горда на својата ќерка бидејќи е позната пејачка, ова што сум денес е благодарение на неа. Знам дека нема да ми се налути, зошто пеев веднаш по нејзината смрт“, рекла пејачката. Таа раскажала, дека и било многу тешко, додека стоела на сцената, само ден-два по погребот на нејзината мајка.
Таа вели и дека многу и недостига нејзината мајка особено на нејзините концерти, каде секогаш и била поддршка.