Ја погребав мајка ми, па отидов да пеам  

Познатата српска пејачка Неда Украден неодамна ја изгуби својата мајка. По нејзината смрт, таа јавно проговори за тоа како се чувствува. Таа раскажала дека иако не и било до пеење, сепак, зардаи професијата, морала ,веднаш по смртта на мајка си, да настапува, оти концертите и биле закажани.

„Целава работа испадна ја погребав мајка ми, па отидов да пеам. А, не ми беше до пеење, но знаете како ние сме луѓе кои работат на јавна сцена и немаме право да тагуваме како и сите останати. Концертите се закажани, може да се откаже еден од нив, но не 17 концерти. Мојата мајка беше горда на својата ќерка бидејќи е позната пејачка, ова што сум денес е благодарение на неа. Знам дека нема да ми се налути, зошто пеев веднаш по нејзината смрт“, рекла пејачката. Таа раскажала, дека и било многу тешко, додека стоела на сцената, само ден-два по погребот на нејзината мајка.

Таа вели и дека многу и недостига нејзината мајка особено на нејзините концерти, каде секогаш и била поддршка.

Scroll to Top