Маланија Трамп вчера го прослави 48. роденден, ама од својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп, не доби подарок. Трамп се јавил во живо во утринската емисија на „Фокс њуз“ и на водителите им рекол дека го избрал токму тој ден да даде изјава во живо оти сакал да ѝ го честита роденденот на Меланија. Но, кога едниот од водителите го прашал што ѝ купил за роденденот, Трамп се збунил.
„Подобро да не навлегувам во тоа, би можел да западнам во неволја… Можеби не ѝ зедов нешто големо. Ѝ купив прекрасна честитка и букет цвеќе. Знаете дека сум премногу зафатен за да барам подароци. Но, Меланија одлично се покажа со Франција“, одговорил Трамп алудирајќи на тоа дека тој и Меланија им беа домаќини на францускиот претседател Емануел Макрон и на неговата сопруга.
Ваквата постапка на Трамп наиде на негативни коментари кај корисниците на социјалните мрежи, кои често пишуваат дека бракот им е фарса, а дека Доналд не ја цени доволно Меланија.