Доналд Трамп не ѝ купи роденденски подарок на Меланија

Маланија Трамп вчера го прослави 48. роденден, ама од својот сопруг, претседателот на САД, Доналд Трамп, не доби подарок. Трамп се јавил во живо во утринската емисија на „Фокс њуз“ и на водителите им рекол дека го избрал токму тој ден да даде изјава во живо оти сакал да ѝ го честита роденденот на Меланија. Но, кога едниот од водителите го прашал што ѝ купил за роденденот, Трамп се збунил.

„Подобро да не навлегувам во тоа, би можел да западнам во неволја… Можеби не ѝ зедов нешто големо. Ѝ купив прекрасна честитка и букет цвеќе. Знаете дека сум премногу зафатен за да барам подароци. Но, Меланија одлично се покажа со Франција“, одговорил Трамп алудирајќи на тоа дека тој и Меланија им беа домаќини на францускиот претседател Емануел Макрон и на неговата сопруга.

Ваквата постапка на Трамп наиде на негативни коментари кај корисниците на социјалните мрежи, кои често пишуваат дека бракот им е фарса, а дека Доналд не ја цени доволно Меланија.

Scroll to Top