Емина Јаховиќ дојде во Србија и ја извести јавноста дека се разведува од Мустафа Сандал. Оваа вест на големо беше актуелна и во Турција.
Пејачката за српските медиуми кончено раскажала како и било во бракот со Мустафа.
“Ми недостасуваше семејството, пријателите. Разводот е мала смрт. Немаше меѓу нас никакви емоции, ниту пак љубов.“, рекла Емина. Таа раскажала дека долго време веќе двајцата се однесувале како странци и дека само децата биле она што ги врзувало.
За својот поранешен сопруг, рекла дека е добар човек и дека сака да останат пријатели.
„Не знам понатаму што ќе се случува, но сега сум во фаза кога знам дека не можеме да бидеме пак заедно“, рекла Емина.