Емина прозборе зошто се развела од Мустафа

Емина Јаховиќ дојде во Србија и ја извести јавноста дека се разведува од Мустафа Сандал. Оваа вест на големо беше актуелна и во Турција.

Пејачката за српските медиуми кончено раскажала како и било во бракот со Мустафа.

“Ми недостасуваше семејството, пријателите. Разводот е мала смрт. Немаше меѓу  нас никакви емоции, ниту пак  љубов.“, рекла Емина. Таа раскажала дека долго време веќе двајцата се однесувале како странци и дека само децата биле она што ги врзувало.

За својот поранешен сопруг, рекла дека е добар човек и дека сака да останат пријатели.

„Не знам понатаму што ќе се случува, но сега сум во фаза кога знам дека не можеме да бидеме пак заедно“, рекла Емина.

Scroll to Top