Многу повозрасни жени се срамат од промената на градите што се случува со текот на годините. Но, неодамна за првпат се појавија медицински докази кои покажуваат дека градите стареат побрзо од другите делови на телото.
„Биолошкиот часовник е вграден во нашите гени и токму ова објаснува зошто кај некои жени процесот на стареење може да се забави, а кај други да се појави порано од очекуваното“, објаснија експертите од Универзитетот на Калифорнија.
По речиси 8.000 примероци добиени од 51 видови ткива и клетки, тие утврдиле дека токму возраста е главен фактор на ризик за појава на рак на дојка, кој е најчестиот вид рак кај жените.