Пет девојки од Иран, фанови на фудбалски клуб „Персеполис“ ја прекршиле забраната според која жени не смеат да се појават на стадион. Тие си залепиле мустаќи, ставиле перики и бради и успеале да влезат на стадионот. Облекле и навивачка облека. На натпреварот мавтале со знамиња заедно со мажите и навивале.
„Персеполис“ победил со резултат од 3: 0, со што станал шампион на Иран.
Претходно, претседателот Хасан Рухани ветил дека ќе ја укине забраната со која жени не смеат да посетуваат стадиони.