Девојки од Иран се маскирале во мажи за да гледаат фудбал на стадион

Пет девојки од Иран, фанови на фудбалски клуб „Персеполис“ ја прекршиле забраната според која жени не смеат да се појават на стадион. Тие си залепиле мустаќи, ставиле перики и бради и успеале да влезат на стадионот. Облекле и навивачка облека. На натпреварот мавтале со знамиња заедно со мажите и навивале.

„Персеполис“ победил со резултат од 3: 0, со што станал шампион на Иран.

Претходно, претседателот Хасан Рухани ветил дека ќе ја укине забраната со која жени не смеат да посетуваат стадиони.

Scroll to Top