Ќерката на холивудски актер Џеки Чен, 19-годишната Ета Нг Чок Лам, преку видео на Јутјуб откри дека таа и нејзината девојка, канаѓанката Енди Отом живеат како бездомници поради хомофобните родители што не им дозволуваат да бидат заедно.
Девојките раскажуваат дека се на улица, дека се беспомошни и дека спијат под мост. Додаваат велат дека не сакаат да одат во државните засолништа во Хонг Конг, оти се плашат дека ќе ги разделат.
Ета е ќерка на Џеки Чен од неговата кратка афера со нејзината мајка Илејн Нг Ји Леј. Нејзината мајка не сака да ѝ помогне.
„Не ѝ помагам. Ако нема пари мислам дека ќе почне да работи“, рекла таа.
Џеки Чен, пак, со ќерката не бил во контакт долги години. Тој не ѝ помага ниту финансиски. Неговото богатство се проценува на преку 390 милиони долари.