Филмската академијата ги исфрли режисерот Роман Полански и актерот Бил Козби поради тоа што судот ги прогласи виновни за сексуална злоупотреба. Полански беше осуден за силување 13-годишно девојче во 1977 година. Бил Козби неодамна беше осуден за сексуален напад врз десетици жени.
Лани Академијата го исфрли продуцентот Харви Вајнстин поради бројните обвинувања за сексуален напад.