Студијата објавена во магазинот Nutrition покажува дека една чаша сок од домати може драстично да го намали вашиот обем на стомакот – без никакви други промени во исхраната.
Истражувачите пронашле дека жените што консумирале 280 мл од овој вегански пијалак секој ден изгубиле 50 отсто од масните наслојки за само осум недели.
Исто така, повеќето дами изгубиле повеќе од половина килограм телесна тежина, а овој вкусен пијалак исто така го регулирал нивото на холестеролот.
Како помага сокот од домати при губењето на килограмите?
Овој сок содржи високо ниво ликопен – антиоксиданс што ја зголемува продукцијата на метаболистичкиот хормон адипонектин, дури 25 отсто.
Нутриционистката Шон Вилкинсон објаснила зошто доматот е толку добар за намалување на телесната тежина.
„Доматот содржи многу малку калории и јаглехидрати, како и висока содржина вода. Исто така, има многу малку шеќер, па е одлична алтернатива за овошните сокови“.
Нутриционистката открива дека воедно овој сок го намалува и апетитот:
„Како и другите зеленчуци и овошја, доматите и сокот од домати исто така му даваат на телото природни минерали и витамини кои му се потребни, помагаат при претворањето на храната во енергија и го забрзуваат метаболизмот“.
Сепак, освен воведувањето на оваа напивка, мора да обратите внимание и на исхраната.
„Ако само во својата исхрана додадете домат или сок од домати, ако се храните нездраво или внесувате многу калории, нема да почувствувате резултати.
Во своето дневно мени мора да вклучите продукти од сите групи, со доста зеленчук и протеини, и елиминирајте ја преработената храна“, истакнува таа.