(Видео) Путин во новиот блиндиран „мерцедес“

Денеска беше одржана свечената церемонија на која рускиот претседател Владимир Путин положи заклетва кога во март повторно беше избран за претседател. На свеченоста тој пристигнал со новата претседателска лимузина, која била произведена во Русија и која денеска ја имала својата премиера.

Автомобилите од оваа генерација биле развиени во програмата „Кортеж“ и сега тие ги заменуваат германските автомобили што претходно ги користеле претседателите на Русија.

Русија не користела домашни автомобили за превоз на руски офиијални лица уште од советското време. Поради тоа, проектот „Кортеж“ создава престиж и демонстрира технолошки и индустриски можности на Русија.

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за новиот блиндиран автомобил на Путин, а сите лица познати во оваа сфера се согласни дека на овој автомобил му нема рамен и дека е апсолутно достоен за рускиот претседател.

Само неколку нации го користат автомобилот од домашно производство за превоз на своите официјални лица.

Првиот странски модел користен за превоз на претседателот на Русија бил „мерцедесот“ од S-класа, W140 варијанта, кој бил купен во времето на Борис Елцин. Заменет е со моделот W220, а подоцна и со моделот W221.

Претседателите Елцин и Медведев ги користеле лимузините од S-класата на „Мерцедес-Бенц“, а Путин повеќе преферирал лимузина од „Мерцедес-Бенц гард“.

Претседателскиот автомобил обично го следи полиција на мотори и серија возила.

 

 

 

Scroll to Top