Сопругата на Дејвид Бекам знае дека за убавината треба да се жртвува, па не ѝ е тешко да стане во раните утрински часови за да остане во топ-форма.
Славната Британка, која најави дека набргу ќе треба да лансира сопствена линија на производи за убавина, освен обврската за децата, пред да замине во канцеларијата успева да направи два тренинга.
Викторија за „Сандеј тајмс“ открила како изгледа нејзиното утро.
„Секој ден станувам во шест часот, а пред да се разбудат децата вежбам еден час во сала. Кога ќе се разбудат, појадуваме и потоа со Дејвид ги носиме на училиште“, вели Викторија, која пред да тргне на работа вежба уште еден час во сала.
„Да, многу сум дисциплинирана, едноставно морам“, вели госпоѓата Бекам, која истакнува дека времето поминато во сала за вежбање ѝ е многу важно затоа што тоа е единственото време што го има за себе во текот на денот.
„Тогаш го имам својот мор, никој не ми влегува со лаптоп“, вели Викторија додавајќи дека понекогаш ѝ се чини дека ако само малку подолго остане во куќата, некој ќе ја попречи во намерата да искористи нешто повеќе од квалитетното време за себе.
Инаку, Викторија и Дејвид се венчаа на 4 јули 1999 година во дворецот Лутрелстаун, опкружен со 2,2 хектара зелена површина во Ирска, а покрај многуте пречки, како аферата со Ребека Лус во 2004 година, која Дејвид никогаш не ја призна, тие сè уште се заедно.