Царска пита

Потребни состојки:

100 гр пченкарно брашно
100 гр лебно брашно
1 прашок за печиво
3 јајца
200 мл јогурт
100 мл масло
сол
200 гр шунка
1 црвена пиперка
3-4 кисели краставички

Начин на подготовка:

Јајцата разматете ги со жица, додајте ги сите наведени состојки (шунка, пиперка и краставички исечкани на коцки) добро измешајте и ставете во намастен плех со димензии од 24 см.  Убаво израмнете и печете на 200 степени околу 40 минути убаво да порумени.

Scroll to Top