За возачка дозвола во Саудиска Арабија од 24 јуни ќе можат да аплицираат сите жени постари од 18 години. Ова се случува откако лани во септември принцот Мохамед Бин Салман донесе декрет за симнување на забраната стара 60 години. Инструктори ќе им бидат други жени кои веќе имаат добиено дозвола. Мажи инструктори за жените нема да има.
Ова сега го потврди и Министерството за сообраќај на Саудиска Арабија. Тие соопштија дека се создадени сите услови за исполнување на оваа кралска желба. Ова е само еден дел од проектот на 32-годишниот принц за подобрување на женските права. Со овие реформи принцот има намера да го зголеми учеството на женската работна сила во економијата, кое сега изнесува само 22%.