Потребни состојки:
10 палачинки
200 гр шунка
200 гр рендан кашкавал
100 гр моцарела
150 гр доматно пире
200 гр кисела павлака или крем-сирење
3 јајца
Начин на подготовка:
Направете смеса за палачинки и испечете 10–14 палачинки. Шунката исечкајте ја на мали парчиња. Секоја од палачинките намачкајте ја со павлака, потоа додајте ги моцарелата, шунката и доматното пире и свиткајте ја во ролна. Наредете ги палачинките во огноотпорен сад за печење, а кога ќе завршите со еден ред, наросете кашкавал.
Откако ќе ги наредите сите палачинки, изматете ги јајцата и додадете ги во павлаката. Со смесата прелијте ги палачинките. Печете во загреана рерна додека не добијат златна нијанса.