Шеесет и третото натпреварување за избор на песна на Евровизија се одржува во Лисабон, под слоганот All Aboard (Сите качувајте се), од 8 мај до 12 мај. Благодарение на минатогодишната победа на Салвадор Собрал, Португалија за првпат е домаќин на оваа телевизиска шоу-програма.
Србија на овогодишното натпреварување беше претставена од Сања Илиќ и „Балканика“. Настапот ѝ беше испратен со овации!
Покрај Србија, која беше прва избрана, во финалето ќе патуваат и Молдавија, Унгарија, Украина, Шведска, Австралија, Норвешка, Данска, Словенија и Холандија.
Од екипите кои директно се пласираат во финале и кои се дел од големата петорка се Франција, Германија и Италија, кои исто така се претставија пред публиката.
Дуото од Франција ја маѓепса публиката со песната Mercy.
Германија беше претставена од Мајкл Шулт, со песната You let me Walk Alone.
Италијанците, пак, беа претставени со песната Non Mi Avete Fatto Niente.
Минатогодишните домашни натпреваруваи ја претставија својата земја Украина со песната Under the Ladder.
Словенија на Евровизија ја претстави Леа Сирк со песната „Фала, не“.
Вања Радовановиќ ја претстави Црна Гора со песната „Иње“.
Шведскиот Џастин Бибер, Бенџамин Ингросо, ја претстави својата земја со песната Dance you off.
Музичарката Лаура ги воодушеви сите со заводливиот настап со песната Funny Gril.
Унгарија беше претставена од бенд со песната која ја посветиле на починатиот татко на еден од членовите на бендот.
Малта беше претставена Кристабел со песната Taboo.
Полска на овогодишното натпреварување беше претставена со песната Light me up, во изведба на Громи со Лукас Меијер.
Грузија храбро стапи во рингот за финале со песната For you.
„Добро утро Австралијо, верувам дека ќе гласате и навивате за претставничката со некој добар појадок“, ја најави водителката оваа земја.
Холандија за многу малку стигна до победата. Земјата ја претстави Ваљон, со песната Outlaw in ‘ем.
Молдавија беше претставена од Доредос со песната My Lucky Day.
Рсија беше претставена од Јулија со прекрасна балада.
Данска оваа година беше претставена во викиншки стил на Ресмусен, кој сака на својата земја да ѝ донесе нов трофеј, прв по 2013 година.
The Vikings are here! Loving the drama from Rasmussen and Denmark! #ESC2018 #AllAboard #DEN pic.twitter.com/hoRwKy6ybx
— Eurovision (@Eurovision) 10 May 2018
Сан Марино за избор на песна на Евровизија беше претставен од Џесика и Џенифер.
Those robots are the cutest, I wonder if San Marino will let us keep them after the show? #ESC2018 #AllAboard #SMR pic.twitter.com/eKpQWbxf4Z
— Eurovision (@Eurovision) 10 May 2018
Србија нстапи трета по ред на овогодишното музичко натпреварување за песна на Евровизија.
Александар Рибак, кој во 2009 година ја однесе победата во Русија, го отвори второто полуфинале во Лисабон. Нему му припадна честа да ја изведе 1500. композиција на ова музичко натпреварување.
Оваа година Норвешка беше претставена со песната That’s How You Write A Song.