Тазе пржени крофни, премачкани со сочен мармалад или крем… Сладок залак на кој ниту една генерација не му одолеала.
А, за да ве вратиме во детството и мирисот на крофните подготвени од вештите раце на баба, ви го нудиме следниот рецепт.
Потребно ви е:
2 јајца
1 коцка квасец
1 чаша јогурт
1 kg брашно
300-350ml вода
Половина лажичка сол
5 лажици шеќер
200g шеќер во прав
100ml масло
Крем или мармалад, по желба
Подготовка:
Во топла вода растопете го квасецот и додајте го јогуртот. Солта, шеќерот, брашното, маслото и
јајцата додавајте ги постепено. Замесете тесто и оставете го да отстои 10 минути.
Потоа развлечете го и исечете кругови со големина по желба. Оставете ги да постојат 10тина минути,
а потоа пржете ги во врело масло.
Готовите крофни, додека се топли, проросете ги со шеќер во прав и наполнете ги или премачкајте ги со крем или мармалад.